КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

Специјалист за социјални мрежи и дигитални заедници
(Social media & Digital Communities Specialist)

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака Раскажувачко Студио осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории базирани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство, кои им помагаат на компаниите и организациите да ја пренесат својата порака на најефикасен начин, најприемчив за публиката. Со тоа, тие ја зголемуваат својата препознатливост, градат подлабока лојалност, а нивните пораки имаат многу поголем ефект и влијание кај публиката.

Нашата компанија расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес на клиентот и публиката. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. 

Отоворени сме за сите кои се креативни и ореинтирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и маркетери на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од компанија која е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Главни одговорности

Специјалистот за социјални мрежи и развој на дигитални заедници е одговорен за управување со социјалните мрежи и заедницата на следачи на брендот на социјалните мрежи. Примарна задача на специјалистот за дигитален маркетинг е да спроведува и предлага активности за социјалните мрежи кои ќе придонесат за зголемување на довербата кон брендот и лојалноста на заедницата, како и зголемување на видливоста и препознатливоста на брендот на социјалните мрежи. Истовремено, ги следи најновите трендови и предлага имплементации на истите, тестира различни форми на содржини и комуникации со зеаедницата, ја следи, слуша и реагира на комуникацијата поврзана со брендот на социјалните мрежи. Креира извештаи, извлекува заклучоци и предлага подобрувања поврзани со присуството на брендот на социјалните мрежи.За ефектите од својата работа му рапортира на Маркетинг директорот на компанијата.

Клучни компетенции и искуство

Бараме динамична личност со добро познавање на социјалните мрежи и останатите дигитални маркетинг канали и алатки. Очекуваме да се одликува со исполнителност, педантност и желба за учење. Да поседува силни аналитички способности. Да биде добро информирана и во тек со најновите трендови во дигиталниот маркетинг. Да истражува и предлага новитети.

Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

  • Најмалку 3 години искуство во дигиталниот маркетинг и управување со социјални мрежи
  • Сеопфатно познавање на спецификите на различните социјални мрежи
  • Одлично познавање на дигиталните маркетинг канали (SMM, PPC, SEO, E-mail, Lead gen)
  • Добро познавање на Google Analytics и Microsoft Excel, напредно познавање на UTM tagging техники, одлично снаоѓање во извештаите на Facebook
  • Високо ниво на пишувачки способности

Лични карактеристики

  • Одговорност
  • Педантност во работата
  • Посветеност за наоѓање решенија
  • Високо ниво на информираност, одлични познавања од општа куллтура
  • Умее со луѓе и лесно се вклопува во тим

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

  • Создадеш лојална база на следбеници со голема доверба кон брендот
  • Донесеш подобра ангажираност на публиката преку подобрувања во типот и форматите на содржината што се објавува на социјалните мрежи
  • Откриеш нови канали преку кои можеш да го позиционираш брендот во заедницата

Што нудиме

  • Конкурентни примања
  • Приватно здравствено осигурување
  • Динамичен професионален развој
  • Простор за иновации и развој на сопствените идеи

Зошто би сакал/а да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се валоризира.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чуство на сатисфакција. 

Како да аплицираш

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на darjan@localhost, со назнака за позицијата за која аплицираш. Наместо мотивациско писмо, во самиот мејл напиши ни во неколку реченици зошто би сакал/а да бидеш дел од нашиот тим. Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.