ХаБит - социјална инклузија

Се отвори првиот центар за поддршка на млади лица со попреченост – ХабИТ
Ова е дел од проектот Социјална инклузија преку технологијата кој започна во 2016
Целта е на младите со попреченост да им се отвори вратата кон пазарот на трудот

Министерството за труд и социјална политика во оперативниот план за вработување во 2018 година даде основа сите лица со попреченост да бидат вклучени во најголем дел од мерките којшто се однесуваат на раст на малите и средни компании, на вработувањата во граѓанските организации, на развојот на социјални претпријатија, Мила Царовска (министер за труд и социјална политика)
Министерството со меѓународните организации работи на отворање на 2 центри за работна рехабилитација
Еден од учесниците на овој проект е успешниот пливач Андреј Стојановски

Андреј Стојановски еден од најактивните учесници во овој проект е одличен пример за ова. Андреј е глув млад човек кој што е активен пливач и кој доби златен медал на Олимпијадата за глуви лица. Тој заврши 11 курсеви од овој проект и сега работи како практикант во една врвна компанија за развивање на софтвер, Џес Бејли (амбасадор на САД во Македонија)
ХабИТ нуди достапен простор за секое лице со попреченост кое сака да развие знаења

Сите заеднички може да направиме уште поголеми промени и да погажеме дека само небото е граница за нашите можности, без разлика на нашата попреченост, Филип Наков (ИТ специјалист / ХабИТ)
Ова е проект на УСАИД, имплементиран од „иВоте“ во соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Здружение на студенти и млади лица со попреченост“

ХаБит – социјална инклузија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.