Смртност на доенчиња

Доенечката смртност е голем проблем и стапката на морталитет кај доенчињата во земјава е над европскиот просек
Особено чувствителна категорија изминатите децении беа доенчињата Роми
Стапката на смртност кај новороденчињата од ромската популација беше поголема од просекот во државата
Сепак, официјално достапните податоци покажуваат дека ситуацијата од 2013 до 2017 година е драстично сменета
Стапката на смртност кај доенчињата Роми има тенденција на опаѓање наспроти државниот просек кој варира
Податоците од релевантните државни институции покажуваат најзагрижувачки тенденции кај доенчињата Роми во 2013 година
Стапката на смртност била 17,4 на 1.000 новородени деца
Тоа е за речиси 70% повеќе од просекот во државата кој изнесувал 10,2
Оттогаш морталитетот кај новороденчињата Роми е во континуиран пад и во 2017 достигнува токму 10,2 промили
Или за само 1 промил повеќе од просекот на државно ниво кој тогаш бил 9,2
За ваквата слика надлежните причината ја гледаат во повеќе фактори
Зголемувањето на степенот на свесност за редовни гинеколошки прегледи, интензивната едукација, превентивните програми и граѓанските организации кои работат директно на терен во ромските заедници
ТОНСКО: Ана Данева – Маркова – Гинеколог, Претседател на Институт за безбедно мајчинство – Многу мерки во однос на антинаталната заштита беа преземени земајќи ги податоците околу достапноста односно недостапноста во одредени региони или кон одредени социјални загрозени групи на матични гинеколози, формирањето на мобилни тимови, упатствата коишто се продуцираа изминатиов период, обуките коишто се организираа мултидисциплинарно. Најверојатно сите тие фактори по малку делуваа за да се намалат сите овие бројки кои во последниот квартал дури се уште подобри од тоа што и ние очекувавме. (2:37-3:17)
Данева-Маркова наведува повеќе причини за негативните тенденции
Стереотипи, институционални, финансиски и субјективни бариери
Ја истакнува улогата на здравствените работници во едукацијата за спречување несакани последици
ТОНСКО: Ана Данева – Маркова – Гинеколог, Претседател на Институт за безбедно мајчинство – Ние сме тие што треба да го препознаеме тоа. Барем од здравствениот сектор. Tие коишто работат со репродуктивното здравје на жената и да ги насочиме нашите процеси, идеи, проекти во иднина токму кон решавање на сите овие проблеми односно да и предочиме во иднина на таа жена дека треба порано да отиде на гинеколог дека не треба само во бременост дека треба да го планира семејството, треба да го планира забременувањето, да го планира забременувањето после првото и уште повеќе доколку не би сакала многудетно семејство а тоа е единствено нејзино право уставно загарантирано право дека таа треба да си го побара низ институциите тоа право затоа што никој не може да и го наложи спротивното.
Сепак стапката во Македонија не само во ромските средини е далеку над европскиот просек од 5,2

Смртност на доенчиња

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.