Слаѓана Вујошевиќ

„Кемал мој, храбар брат мој. Нека почива во светлина. Без да создаде семејство, деца… Секоја ноќ го сонувам неговото лице…Нема ни гроб, да можам да го поливам со вода… Гледајќи ги неговите фотографии“,

Слаѓана Вујошевиќ е дел од сериите „Големото прогонство од Кафкасија“ и „Горка љубов“

Турските серии се едни од најгледаните кај нас, а за македонските актери тие се можност за голема промоција и искуство

Шест години Вујошевиќ е на релација Македонија – Турција и глуми во повеќе интернационални проекти

Тоа е магија, како актер се чувствуваш толку посебно, без разлика што јас немав некои големи улоги во двете серии, имав мали улоги. Меѓутоа, кај нив нема мали улоги, има само големи актери. Многу е убаво чувството кога целиот тим работи за тоа актерот да го даде најдобриот перформанс што може,

Во светот на глумата влегла пред 18 години со детската серија „Умни глави“

Во 2015, во ист ден кога магистрирала во Турција, на МТФ „Војдан Чернодрински“ ја добила наградата за најдобра млада актерка

Младите, од неодамна, можат да го препознаат нејзиниот глас во главниот лик на цртаниот филм „Светот на Биби“

Во моментов во Истанбул работам на мојата докторска теза, со наслов „Филмскиот актер во дигиталната епоха“. Овој проект со „Биби“ со работата преку глас е на некој начин практичното истражување. Сепак, ми се докажува одново и одново, дека дали преку гласот, дали преку телото, сепак е неопходен актерот,

Светот ја запозна Слаѓана преку главната улога во спорот на култниот американски бенд „Faith no more“

Слаѓана Вујошевиќ

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.