Основно училиште во Македонски брод се продава на оглас

Основно училиште во Македонски брод се продава на оглас.

Напуштеното училиште можете да го купите за 14.000 евра. Огласувачот вели дека цврстата градба е идеална за викенд-куќа

Во Македонија постојат голем број на вакви запуштени објекти кои не се во употреба. Нема доволен број на деца кои би посетувале настава во училиштата.

Бројот на училишни објекти продолжува да се намалува.

За 15 години драстично се намалил и бројот на основци. Денес има 57.000 деца помалку во основните училишта отколку во 2000 година.

Намалениот наталитет не е единствен проблем. Масовното иселување надвор од земјава дополнително ја влошува ситуацијата.

Основно училиште во Македонски брод се продава на оглас

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.