Етнички поделени училишта

Етнички поделени училишта и паралелки се реалност во Македонија
Институтот за човекови права откри сегрегација на деца Роми во Битола и Штип
Мнозинството Роми претежно учат во едно училиште, додека во друго има мал број
Ученици кои не се Роми биле префрлани и запишувани според желбите на родителите или општинските власти
Не се почитувале законските одредби за реонизација притоа дискриминирајќи ги учениците Роми
Во дел од училиштата има етничка структура која не одговара на ситуацијата на терен
Други пак се полупразни со неискористени капацитети иако се во ист реон

Маргарита Цаца Николовска-Претседател на Институт за човекови права –
Сегрегацијата е физичко одделување на лица или група на лица врз дискриминаторска основа без легитимна или објективно оправдана цел. Сегрегацијата на ромите во Македонија е највидлива во образованието.

За разлика од Битола и Штип, училиштата во Ѓорче Петров и Гази Баба се позитивен пример
Во Куманово исто така има мешани паралелки, а Ромите се запишуваат во централните училишта
Ова создава трошоци за родителите за транспорт
Дел од училиштата се оддалечени повеќе од 3 километри, а не е обезбеден превоз
Општините одлучуваат за реоните на училиштата на нивна територија
Родителот може да го запише детето во друг реон ако има слободни места и согласност од училиштето
Маргарита Цаца Николовска-Претседател на Институт за човекови права –
Државата е таа која мора да обезбеди инструменти за ова да се стопира.
Во дадената ситуација самите лица самите деца и самите роители треба да ја препознаат сегрегацијата и да се борат против истата.

Етнички поделени училишта

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.