Интервју - Салија Љатиф - Петрушовска

Замислете јас сум доктор по стоматологија, мислам самото тоа, млада, имав само 28 години кога ме назначија на функцијата и Ромка. Имаше доста голема недоверба, во однос на моето назначување како ќе успеам да ја изменаџирам целата таа огромна институција којашто дава мултидисциплинарен пристап и се состои од повеќе оддели.

Ромите сè уште страдаат од социјална стигма, дискриминација и сегрегација.
Д-р Салија Љатиф-Петрушовска има успешна приказна која ги надминува стереотипите и предрасудите.

Јас откако дипломирав, за жал, не можев веднаш да најдам работа согласно со мојата професија, како доктор по стоматологија. Бидејќи бев стипендист на една прекрасна програма, којашто се вика „Програма за медицински стипендии за Роми“. Научив многу за компонентите застапување. Почнувајќи од разни проекти преку Фондација Отворено општество и другите партнери и донатори. Значи, како еден проектен асистент, подоцна како проектен координатор, па сè до заменик директор на Здружението на граѓани „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ или скратено ИРИЗ.

Во „Стратегијата за Роми во РМ за 2014 – 2020“ се препорачува да се вработат Ромите со соодветно образование во установите за примарна здравствена заштита, превентивните тимови и тимовите на ЈЗУ од секундарна и терцијарна здравствена заштита.

Со самото вклучување на Ромите во здравствениот систем, ќе се помогне да се намалат стереотипите, да се намали тој јаз. Знаете како, не Ромите, ќе почнат да согледаат дека и Ромите знаат да бидат образовани, знаат да бидат професионалци, знаат да напредуваат во нивната област. Меѓутоа, самиот Ром којшто ја познава културолошката карактеристика на една ромска заедница, ќе им биде од помош на ромската заедница кога ќе дојде да побара, ќе побара пристап кон здравствените услуги, тој процес да им биде олеснителен.

Градење на здравствени политики значи посигурен пат кон подобро здравје за Ромите.
Во нивното креирање вклучени се сите страни:
– централна власт
– локална власт
– граѓански организации
– граѓани

Значи, здруженијата на граѓаните се тие коишто се во непосреден однос со заедницата, одат на терен, реализираат обуки, реализираат тркалезни маси и ги ислушуваат проблемите на пациентите. Истите тие, доколку се детектираат дека се повеќе, дека тука настанува сериозен проблем, треба да алармираат на повисоко ниво. Сметам дека институциите не сакаат толку да ги слушаат невладините организации, можеби гледајќи кон нив, како не непријател, туку некој којшто, можеби ги претеруваат работите и работат само за средства. Значи, треба да се има слух кон такви работи. Доколку се има добра соработка и координација, ќе се креираат политики коишто навистина му требаат на едно општество.

Интервју – Салија Љатиф – Петрушовска

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.