Интервју - Салија Бекир Халим

Се сеќавам на еден случај каде што жена за време на породувањето и физички
беше нападната, шлаканица доби и исто така беше и навредувана по основ на нејзината
националност. Случајот е од пред околу година и пол дена. Ние постапивме
односно поднесовме претставка и помогнавме на жената да се пожали меѓутоа
комисијата за заштита од дискриминација не најде основ така да случајот остана само по
тоа односно не ја препозна дискриминацијата .
Добитичката на наградатата „Непознати хероини-активисти“ од Директоратот за
проширување на Европската комисија за земјите од Западен Балкан и Турција, Салија
Бекир-Халим се бори за унапредување на сексуалните и репродуктивните права на
жените како параправник и како активист во Иницијативата на жени од Шуто Оризари
Секоја година Европската комисија доделува награди за ромска интеграција за
Западниот Балкан и Турција меѓутоа оваа година беше одлучено тоа да бидат жени од
заедницата. Така да се пријавивме и јас освоив второ место за ромска интеграција на ниво
на нашата држава. Ми претставува особена чест и дополнителен мотив да продолжам
понатаму за да се оствари нели и да ги мотивирам останатите жени и девојки од мојата
заедница. Дискриминацијата на Ромите по етничка основа е присутна во здравството.
Ромските граѓански организации се надеваат дека со примената на новиот Закон за
заштита од дискриминација овие случаи ќе станат минато, но бараат и зголемување на
бројот на здравствени медијатори.
Во моментов мислам дека се околу десетина само на цела територија на нашата
држава и сепак тој број е премногу мал. Секако заложбите на иницијативата и заложбите
на ХЕРА се тие да им се реши статусот да добијат решенија за вработувања и најавата на
министерот е очекувана и се надеваме дека тоа ќе биде во брзо време. И не само тоа еве
и еден апел да се зголеми бројот на ромските здравствени медијатори. Не би
можела да зборам за конкретна бројка бидејќи не ја знаеме ниту точната бројка на Роми,
но во услови кога имаме лица без лична идентификација, лица кои се без образование,
лица кои што живеат на маргините секако и тоа како им се потребни и нивниот број треба
да биде задоволувачки.
Иницијативата на жени Ромки по долги години овозможи матичен гинеколог во
Шуто Оризари со што се ублажи еден од најголемите проблеми.
Немањето матичен гинеколог беше основна бариера да кажам пред се. Меѓутоа
тука постојат повеќе бариери за жената Ромка. Тука се кога збориме за репродуктивното
здравје, нелегалните незаконските наплаќања од страна на матичните гинеколози кое
што е системско прашање меѓутоа директно ги засега жените Ромки бидејќи спаѓаат во
социјално ранлива категорија на луѓе. Особено на тоа ни укажува нашето последно
истражување каде што од вкупно 100 испитанички 100 се невработени.
Исто така како бариера или пречка за жените Ромки претставува и невработеноста.
Невработеноста е голем проблем кај жените Ромки особено кога знаеме дека стапката на
малолетничките бракови и бремености е многу висока односно според нашето последно
истражување е околу 20 % се малолетнички бремености.

Интервју – Салија Бекир Халим

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.