Рударски приказни

Рударите добија монументален уметнички симбол во срцето на Македонска Каменица.
Муралот „Рударски приказни“ е создаван на површина од скоро 300 метри квадратни
Ова е еден од најголемите мурали во земјава со должина од 75 метри и највисока точка од 4,5 метри
Муралот е креиран за да го одбележи Денот на рударите во Македонија
Уметниците кои творат во време на Ковид – 19 сакат да го свртат вниманието кон уличната уметност
„ Рударски приказни беше една идеја која што требаше да покаже нова културна приказна која што ќе ги задоволи потребите на населението меѓутоа нема да предизвика загрозеност и несигурност со оглед на моменталната глобална состојба во која што се наоѓаме и мислам дека на крајот успеавме во истото. Беше тема својствена за Општина Македонска Каменица со оглед на тоа што поголемиот дел од населението работи во рудниците, и беше тема која што предизвика голема заинтересираност кај уметниците и посветија големо внимание и голема професионалност во изработката на идејното решение. “
Ѕидната уметничка композиција е дел од неколкуте кои планирани за ова лето во соработка со Центарот за современа ликовна уметност.
Автори на муралот се академските уметници – Сања Јездиќ, Александар Џинго, Ферди Булут и Александар и Хари Дудески
Во Македонска Каменица има околу 700 рудари кои секојдневно се среќаваат со пораката „ Среќно “ при влегување во длабочините на земјата

Рударски приказни

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.