Ромска заедница во време на Ковид-19

„Ромската заедница за време на Ковид-19 нема никакви привилегии, нема ни никакви превенции во справување со кризата околу Ковид-19.“ Кемал Исмаил (Романо Чачипе – Шуто Оризари)
Ромската заедница се соочува со многу предизвици во време на пандемијата од коронавирус
Еден од најголемите проблеми е остварување на здравствените права
Во Шуто Оризари, Ромките повторно се без гинеколог, а нема доволно ниту матични лекари
„Општина Шуто Оризари остана во моментов, со мал број на матични доктори. А заедницата, како заедница е огромна, така што кај еден матичен доктор може да има од три до четири илјади пациенти. Три до четири илјади пациенти е многу тешко да бидат услужени од еден матичен доктор и затоа наидоа на многу тешкотии, за да можат да дојдат до нивните лекови.“ Кемал Исмаил (Романо Чачипе – Шуто Оризари)
Во ромските населби на територија на цела држава, секојдневно се зголемува бројот на заразени и починати лица
Со големи проблеми се соочуваат и граѓаните кои живеат во импровизирани и привремени живеалишта
„Ранливите и маргинализирани групи на граѓани коишто живеат во неформални населби се соочуваат со пречки во почитувањето на препораките, бидејќи, истите немаат пристап до вода. Иако, тоа е универзално загарантирано човеково право.“ Џенгис Бериша (Станица П.Е.Т – Прилеп)
Во Делчево нема јавен превоз, што е проблем за социјално ранливите групи
„Предлагаме, навремена стратегија и итна, со точни утврдени мерки и активни за справување со последниците од корона кризата. Како и прилагодување на активните мерки за вработување, бидејќи, имаме голем број на луѓе кои се без работа или беа дел од отпуштените работници за време на оваа вонредна ситуација.“ Ашмет Елезовски (Национален Ромски Центар – Куманово)
Граѓанските активисти велат дека голем дел од граѓаните не ја добија домашната платежна картичка, иако ги исполнуваа условите
„На национално ниво сè е сведено кон намалување на бројот на заболени и ставање на вирусот под контрола. Она што може да се забележи, на локално ниво помеѓу граѓаните е појавата на нова пандемија, а тоа е зголемена сиромаштија и неможност за обезбедување на основните животни потреби.“ Џенгис Бериша (Станица П.Е.Т – Прилеп)
Изминативе месеци, 12 организации испратија 10 барања за подобрување на положбата на ранливите групи граѓани
„Да се обезбедат бесплатни хигиенски средства и маски, за заштита на најранливите, пред се. Да се обезбедат пунктови за бесплатно тестирање од Ковид-19. Да се обезбедат соодветни услови за живот за најранливите, во смисла на достапност и пристапност до вода. Државата да обезбеди приоритет со искористувањето на мерките, во економското зајакнување на Ромите и Ромките. Како и институциите, како што се: Центарот за социјални работи и патронажните сестри, да имаат поголеми посети во ромските средини, каде што живеат најмаргинализираните.“ Салија Бекир Халим (Иницијатива на жени од Шуто Оризари)

Ромска заедница во време на Ковид-19

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.