Како медиумите влијаат врз наративите кон Ромите (Рома Види Вака)

Медиумите се важна алка во борбата против дискриминацијата на маргинализираните групи
Но, постои опасност преку нивна злоупотреба, да се пласираат дискриминирачки стории
ХЕРА со финансиска помош од ФООМ организираше работилница за новинари и студенти по новинарство
Преку создавање инклузивни стории до надминување на стереотипите и почитување на културните карактеристики на Ромите
Целта е менување негативните наративи кон Ромите во здравството
Во рамките на оваа работилница ангажиравме и искусни новинари уредници и експерт за јавно мислење кои што треба да им пренесат искуства и вештини за тоа како се прават инклузивни и недискриминаторски истражувачки стории како да ги користат социјалните меидуми при креирањето на една успешна медиумска сторија и дополнително во рамките на оваа работилница идните новинари имаат можност покрај тоа што ќе се збогатат со занењата од областите опфатени со оваа работилница ќе имаат можност директно на терен да учествуваат во подготовка на истражувачка видео и пишана сторија.
Уредници, експерти за социјални медиуми и медијатори упатија на поголема сензитивност кога се обработуваат теми за Ромите
Како на традиционалните така и на социјалните медиуми
Експерт за социјални медииуми – За жал во голема мера постои дискриминациски говор, говор на омраза и стереотипизација на ромското население но и генерално на многу маргинализирани групи.Не би можеле да кажеме генерално дали се намалува или зголемува затоа што станува збор за огромен број на профили огромен број на канали кои што се појавуваат. Но едно е сигурно дека со ваков тип на проекти, со ваков тип на обуки и подигнување на јавната свест особено влијанието на традиционалните медиуми кои што го имаат влијанието врз генералната јавност се помага да се надминат овие појави. Не постои друг метод освен индивидуалниот пристап и менување на нашите навики менување на нашите стереотипи односно целосно укинување и отфрлање.
На работилницата се посочи дека говорот на омраза и дискриминацијата треба да се пријавува во институциите
Пред се, треба да се работи на превенција и почитување на законите
Медиумите мора да се претворат во сојузник во борбата против дискриминацијата
Затоа што имаат моќ да ги сменат негативните наративи

Како медиумите влијаат врз наративите кон Ромите (Рома Види Вака)

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.