Доктори Роми

Ариф Пини и Сумеа Рахим се позитивен пример за млади луѓе од ромската заедница интегрирани во здравствениот систем
Пини како доктор во Гостивар, Рахим како студентка на Медицинскиот факултет во Скопје
Двајцата активно се борат да ја сменат сликата со предрасудите што ги има кон Ромите во здравствениот систем
Предрасудите се бариера во релацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми
Пини работи како специјалист по интерна медицина во гостиварската болница
Причината за стереотипите ја гледа во лошите социо-економски услови и начинот на комуникација
Генерално се разликува здравствената состојба кај ромската популација во однос на другите народи и за тоа и тоа како има податоци од многу истражувачки проекти за тоа што се случува на теренот. Затоа сметам дека менувањето односно подобрувањето на тие наративи кон пациентите Роми би овозможило да се подобри здраствената состојба на пациентите Роми генерално на ниво на Република Македонија. (6:40-7:10) Со моето влегување директно во здравствениот систем успеав да ги променам тие стереотипи и предрасуди, а исто така и да направам подобрување на наративите од медицинскиот персонал кон пациентите Роми и обратно.
Евидентирал системски слабости кои медицинскиот персонал од ромската заедница го одвраќаат од здравствените институции
Aко не се лажам 4 или 5 студенти на медицински факултет веќе дипломираа, но замислете не се најде за сходно да влезат во здравствениот систем. Имаме голем број на средно медицински персонал кои не се интегрирани во системот и не работат во здравствените институции и сметам дека е премногу важно да се вклучат во институциите да има повеќе медицински персонал кој потекнува од ромска националност и тоа ќе овозможи на побрз рок да се менуваат тие стереотипи и предрасуди и да се подобри таа комуникација на релација лекар-пациент Ром
Сумеа Рахим се надева на вработување во државните здравствени институции или во приватниот сектор
Смета дека ситуацијата од минатото е променета и се повеќе Роми се запишуваат на медицина
Потврдува дека дискриминацијата не е искоренета
Студент по медицина -Ако имаме поголем ромски персонал на клиниките во здравствените домови секако би било подобро затоа што би била подобро за пациентите, би се чувствувале посигурни со некого доколку разговараат на својот мајчин јазик. Секој мисли дека со своето присуство во некој здравствен дом ќе го смени наратиовот кон Ромите. Да се гледа кон Хипократовата заклетва и да се придржуваме кон неа. Сите пациенти се еднакви без разлика на расата, на полот, на верата и националноста.
Пини и Рахим се надеваат дека државата ќе овозможи услови повеќемина да го следат нивниот пат
Тие ќе продолжат активно да влијаат на менување на негативните наративи

Доктори Роми

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.