Шезаир Зекир 47 пати дарувал крв и спасувал туѓи животи.

Шезаир Зекир од Шуто Оризари е крводарител од 1985 година
47 пати дарувал крв и спасувал туѓи животи
Никогаш не му била важна националноста и верската припадност на примателот на крвта што ја дарувал
Шезаир Зекир – Крводарител – . Јас сум спасувал многу животи. Пред мене беше една жена родилка од рака директно ми извадија крв од вена за да и помогнат на жената. Еден Албанец дојде од Германија ми нудеше огромни пари. Не сакав пари туку само сакав во име на Господ да му помогнам на човекот.Тоа е хуманоста, човек да му помага на човек кога му е најтешко.
Кога помошта за најблиските на Шезаир му била најпотребна, изостанала поддршката на која се надевал
Неговата сестра не ја добила потребната крв пред да се оперира
Од болницата ги известиле дека ќе треба да почека Шезаир Зекир- Крводарител – И отидов како крводарител поднесов мои документи, јас сум во трансфузиологија во Скопје редовен крводарител картон имам и побарав да и помогнат на сестра ми имаше некои проблеми за операција. И викаат моментално немаме крв мора да почекаш. Значи јас сум дал 47 пати и понатаму ќе давам крв, но во вакви моменти сметам дека треба да се излезе во пресрет. Јас не барав нешто друго. Барав една кеса крв што треба да и се помага лично на мојата сестра.
Шезаир веќе осум години не е активен крводарител
Неговите работодавачи не ги почитувале законските обврски за бенефиции на крводарителите
Шезаир апелира на совест кај работодавачите и поголема ажурност на здравствените инспектори
Секој крводарител, по дарувањето крв, треба од работодавачот да добие два слободни дена
Дарителите кои дале крв повеќе од десет пати се ослободени од партиципација за одредени здравствени услуги
Рентгенски прегледи, магнетна резонанца, ехо, болничко лекување и рехабилитација, стоматолошки прегледи…

Шезаир Зекир 47 пати дарувал крв и спасувал туѓи животи.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.