Пред 31 година почина актерот Ристо Шишков

Нека биде убаво, кога ја пеам последната песна. Нека биде ден. Сакам со обете нозе да стојам и да пеам. Сакам со отворени очи да гледам горе и да пеам. Сакам ветровите да ми го обвијат телото. Сакам сонце да ме облева и целиот свет да пее со мене. Нека биде убаво, кога ќе ме убиеш, о, ти, што ја даваш светлината. Нека биде ден, кога ја пеам последната песна, Ристо Шишков (Парадоксот на Диоген)
Актерот Ристо Шишков почина пред 31 година
Го сметаат за великан на македонското глумиште
Награден е за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво”
Добил филмски награди за „Планината на гневот“ и „Најдолгиот пат“
Да пееме господине мајоре. Да пееме. Само чија песна? Вашата или нашата?, Ристо Шишков (Црно семе)
Во 26-годишната кариера играл во 54 претстави, снимил 11 филмови, 5 ТВ драми и 3 ТВ серии
Се издвојуваше по својот раскошен талент и големи улоги
За да го уверите, кажете му на татко ми, дека сум нарачал да ви ја даде табакерата. Скриена е во килерот, на левата страна под мусандрата, Ристо Шишков (Табакерата)
Во негова чест од 1992 година се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
Нам никогаш не ни недостига разум, нам ни недостига лудост. Оставете ме сам со својата лудост. Збогум!, Ристо Шишков (Република во пламен)

Пред 31 година почина актерот Ристо Шишков

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.