Резултати од претседателски избори (прв круг)

Македонија вчера одржа претседателски избори со најниска излезност досега, но и со најдраматичен изборен резултат
На изборите во неделата гласаа само 41,82% од регистрираните гласачи или вкупно 755.816 гласачи
За споредба, на првите претседателски избори во 1994 гласале 77.4% од гласачите и Киро Глигоров победи во првиот круг со 715.087 гласови
Во првиот круг на вторите претседателски избори во 1999 година излезноста беше 69,1%
Излезност од 55,2% имаше во првиот круг на изборите во 2005 кога најмногу гласови освои Црвенковски
Во 2009, кога на изборите победи Иванов, излезноста во првиот круг беше висока, но во вториот круг беше 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%
Ниска излезност од само 48,86% имаше и во првиот круг на изборите во 2014 кога повторно победи Иванов
На првиот круг во неделата, Пендаровски освои 323.846 гласови, Сиљановска Давкова 319.240, а Река 79.915 гласови

Резултати од претседателски избори (прв круг)

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.