Репродуктивно здравје кај Роми

Анумша Имери (57) има осум деца и сите ги родила во својот дом

Нема пристап до здравствени услуги бидејќи нема никаков документ

Со години нема отидено на гинеколог загрозувајќи го своето репродуктивно здравје

Немам отидено, кога немам книшка, треба да платиш, а пари немам. Јас живеам, по контејнери одам, право да ти кажам. Маж ми инвалид, до коска му е ногата кршена. Анумша Имери

Едно дете и починало, а имала и два спонтани абортуси во својот дом

Втората ќерка ми е 22 години, има проблеми со хормоните. Болна е, од желудник и од женски работи. Ти, што ме гледаш таква и јас не сум арна. Ми најдоа циста, женски работи. Ме однесе еден стар човек, ми помагаше, без пари, без ништо. Книшка немам, имам матичен, ама кога немам книшка. Анумша Имери

Сексуалните и заболувањата на репродуктивните органи изнесуваат 20% од вкупните заболувања кај жените и 14% кај мажите

Жените Ромки во просек имаат пократок животен век од мажите, а имаат сериозни пречки во пристапот до здравствени услуги

Секој граѓанин треба целосно да ги ужива своите сексуални и репродуктивни права преку пристап до сеопфатни и квалитетни информации и услуги

Извор: Националната стратегија за сексуалното и репродуктивното здравје во РM (2010-2020)

Здружението ЛИЛ им помага на Анумша и на други жени Ромки и деца во општина Сарај, Ѓорче Петров, Злокуќани и дел од Топана да ги остваратосновните човекови права

Нередовните прегледи. Значи, ромската жена, обично, оние потребни прегледи ги прави за време на бременоста. ПАП тестот е нешто што ќе го направи еднаш во 5 години или воошто не е направен. Тие жени коишто имаат повеќе деца воопшто не се обидуваат да регистрираат матичен лекар, а камоли да одат на редовни прегледи. Со тоа се зголемува ризикот на заболување на матката, одделни инфекции и така натаму. Сарита Јашарова (Здружение на просветни работници и заштита на правата на жените и децата „ЛИЛ“)

Репродуктивно здравје кај Роми

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.