Референдум

евгеличани на 23 април на референдум ќе одлучуваат дали ќе се отвора рудник за злато
Ќе гласаат ЗА или ПРОТИВ доделување на концесија за ископ на злато и бакар на планината Кожуф
Иницијативата беше поднесена од здружението „Спас за нас“
„Ако граѓаните се изјаснат против отворање на рудници тоа значи дека за век и веков отворање на рудници во оваа општина ќе нема“, Ангел Наков, иницијатива „Спас за нас“
Канадска компанија која се бори за концесијата за 20 години планира да ископа 300 тони злато
Според „Спас за нас“ издвојувањето на златото од рудата се прави со цијанид

Тврдат дека рудникот ќе го остави Кожуф без 3.000 хектари букова шума
Воздухот би бил загаден со 3.000 тони канцерогена прашина годишно
Почвата и водата ќе се загадат со арсен, талиум, манган
„Советот на општина Гевгелија и градоначалникот донесоа едногласна одлука и сите учествуваат во кампањата против отворање на рудниците, МПЦ, Католичката црква , Евангелистичката црква, значи сите верски заедници и народот е против отворање на рудници. Гевгелија не била и никогаш нема да биде рударски град“, Ангел Наков, иницијатива „Спас за нас“

Референдум

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.