Димитров и Коѕијас потпишаа-Договорот со Грција се сели во Собрание на ратификација

Македонската Влада до Собранието ќе го достави на ратификација договорот за спорот за името со Грција
Ова следи откако Димитров и Коѕијас во Преспа ставија потпис на документот
ТОНСКО: Зоран Заев, премиер на Р. Македонија (22.20)
„Навистина поместивме планини, тогаш кога сите се сомневаа ние потврдивме дека е возможно“
Претседателот Иванов најави дека нема да го потпише договорот
ТОНСКО:Ѓорге Иванов-Претседател на Р.Македонија – Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор. (4:40-4:54)
За ВМРО-ДПМНЕ решение е предавство и капитулација
„ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства на оваа капитулација што денеска ни ја сервираа“. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Владата пак смета дека се изборила за достоинствено решение
Република Северна Македонија erga omnes, Државјанство Македонско/Граѓани на Република Северна Македонија, јазик Македонски
Бројни светски лидери, како и Хан, Могерини, Столтенберг, Туск, им честитаа на Заев и Ципрас за вољата и лидерството
Уставните измени според планираното треба да финишираат до крајот на годината
Новото име и термините ќе се имплементираат со еден амандман, ќе се менувааат преамбулата од Уставот и членвите 3 и 49
Референдумот ќе се одржи во септември или октомври, а дури потоа Грција ќе го ратификува договорот
МРТ, МАНУ, министерствата и други државни институции ќе добијат нов назив со новото име
Ќе ги користиме кодовите МК и МКД, а регистерските ознаки на автомобилите ќе бидат со НМК
Документите за меѓународна употреба ќе се менуваат по истекот
Експертска комсија ќе утврдува дали има потреба од менување на учебниците
Во Македонија нема да смее официјално да се употребува симболот на сонцето од Кутлеш
Се дефинираат разлики меѓу античка и Северна Македонија
Античкото хеленско минато треба да се истакне и на спомениците на Александар Македонски и Филип Втори

Димитров и Коѕијас потпишаа-Договорот со Грција се сели во Собрание на ратификација

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.