КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

Раскажувач на дигитални приказни (Digital Storyteller)

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака Раскажувачко Студио осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории базирани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство, кои им помагаат на компаниите и организациите да ја пренесат својата порака на најефикасен начин, најприемчив за публиката. Со тоа, тие ја зголемуваат својата препознатливост, градат подлабока лојалност, а нивните пораки имаат многу поголем ефект и влијание кај публиката.

Нашата компанија расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес на клиентот и публиката. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. 

Отоворени сме за сите кои се креативни и ореинтирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и маркетери на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од компанија која е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Главни одговорности

Раскажувачот на приказни е личност одговорна за осмислување, развивање и надгледување на продукцијата на ефективни приказни за потребите на компании и организации кои се клиенти на Види Вака Раскажувачко Студио. Раскажувачот ја пронаоѓа нишката која е од заеднички интерес на клиентот и публиката и од неа гради ефективна приказна, на задоволство и на публиката и на клиентот. Ги следи резултатите од дистрибуцијата на приказната, следи квантитативни и квалитативни индикатори од кои извлекува заклучоци и ги подобрува приказните. Го нагледува процесот на продукција на приказната и дава предлози за подобрување. Се координира со маркетинг тимот околу содржината што ќе ја придружува приказната и таргетирањето на целната публика.

Клучни компетенции и искуство

Бараме личност која е:

  • Врвен пишувач 
  • Има исклучитено развиено чуство за „newsworthiness“ и знае одлично да процени каков ќе биде ефектот и реакцијата на публиката на приказната. 
  • Има одлични познавања од можностите и ограничувањата на различните дигитални канали и социјални мрежи за развивање на една ефикасна приказна
  • Има разбирање за основните метрики на социјалните мрежи и дигиталните платформи за да може да извлекува заклучоци за ефективноста на пласираната приказна. 
  • Има базично познавање од процесите на видео едитирање (да работел со видео едитори, не самиот да едитирал), со цел да предлага продукциски измени кои ќе придонесат за ефективноста на приказната. 
  • Има одлични вештини за прибирање информации, посебно по пат на комуникација со луѓе, умее да ги постави вистинските прашања
  • Има искуство од најмалку 3 години како копирајтер, истражувачки новинар или креатор на оригинална дигитална содржина
  • Активен корисник на социјални мрежи и дигитални платформи, вешт во креирање содржина за истите и со познавање на најновите трендови
  • Ги познава различните типови и формати на дигитална содржина, од технички аспект 
  • Ги познава основните алатки за снимање и продукција

Лични карактеристики

  • Креативност
  • Исполнителност и фокусираност на завршување на задачите
  • Високо ниво на информираност, одлични познавања од општа куллтура
  • Умее со луѓе и лесно се вклопува во тим

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

  • Како плод на твојата работа видливо се зголеми квалитетот на приказните
  • Се зголеми интересот на публиката и клиентите за нашите приказни
  • Студиото го препознаваат како едно од најоригиналните и најкреативните

Што нудиме

  • Конкуренти примања
  • Приватно здравствено осигурување
  • Простор за креативно изразување и реализација на своите идеи
  • Можност за иновација и експериментирање со формати
  • Брз професионален развој
  • Надоградба преку учество на интернационални настани, работилници и обуки за digital storytelling

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се валоризира.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чуство на сатисфакција. 

Како да аплицираш

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на darjan@localhost, со назнака за позицијата за која аплицираш. Наместо мотивациско писмо, во самиот мејл напиши ни во неколку реченици зошто би сакал/а да бидеш дел од нашиот тим. Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.