Прозарт

Бугарскиот писател Алек Попов годинава во Македонија ја доби наградата за развој на книжевноста на Балканот „Прозарт“ што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал “ПРО-ЗА Балкан“
Попов е добро познат на балканската и светската публика по романот „Мисија Лондон“ според кој е снимен еден од најгледаните балкански филмови
Преку хуморот и сатирата тој докажа дека може да се промовира и културата
„Мисија Лондон“ е неговиот прв роман кој доживеа огромен успех и досега е преведен на шеснаесет јазици
Комичната сатира е базирана на неговото искуство на аташе за култура на Бугарија во Лондон
„Про-За Балкан“ седма година ги носи големите писателски имиња од Балканот, литературни агенти, уредници на издавачки куќи од Европа кои се поврзуваат со македонски писатели
Фестивалот го организира издавачката куќа „Прозарт“ од Скопје

Прозарт

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.