Прогресивен данок

Највисоките државни функционери нема да подлежат на прогресивниот данок

Нивните плати се под прагот од 90.000 денари, премиерската изнесува 87.000

Македонија – Дај боже, сите да имаме во државата, приход поголем од 90.000 денари. Мојот приход е 87.000 денари, тоа е платата на Премиерот. Зборуваме за приход над премиерската плата, над претседателската плата, веројатно во државата, над пратеничката плата

Приближно иста плата има и претседателот на Собранието

Шефот на државата има помалку од 80.000 денари

Основните министерски примања според податоците објавени неодамна се од 65.823 до 71.100 денари

Сепак дел од владините функционери ќе подлежат на ново оданочување

Јас сум еден од тие кои секако подлежи на ова даночење и апсолутно мислам дека е праведно да сите ние коишто имаме поголеми приходи, коишто транспарентно ги објавуваме да помогнеме да изградиме една по фер заедница.

Просечната плата во Македонија во август била 24.210 денари

Платата на пратениците е 3,5 пати повисока од просечната

Највисоки се во воздухопловството 60.048 денари и ИТ секторот, 58.420 денари

Со 18 % ќе се оданочуваат приходи над 90.000 денари од плати, хонорари, авторски договори, а со 15 % кирии, дивиденди, игри на среќа

Прогресивен данок

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.