Какво е вашето мислење за идејата на Владата за прогресивен данок од 18 %? Спаѓате ли во категоријата граѓани чии приходи ќе се оданочуваат со оваа даночна стапка?

Прогресивниот данок ќе се воведе, но Владата анализира која ќе биде границата за оданочување со 18 % наместо со 10 %
Ако границата е 60.000 денари месечен приход, со прогресивен данок ќе бидат опфатени околу 74.000 граѓани
ИТ секторот ќе биде најмногу на удар
Дилеми има дали ќе се оданочува бруто или нето приход
Можно е со 18 % да се оданочуваат доход од работа, самостојна дејност, авторски права, земјоделски производи
Со 15 % би се оданочувал приход од закуп, игри на среќа, интелектуална сопственост, депозити со камата над 15.000 денари годишно
Државата очекува со оваа мерка да се соберат дополнителни 30 до 40 милиони евра во буџетот за стимулирање на економијата
Можни контра ефекти се – непријавени приходи, сива економија, иселување, изнесување пари од државата, дестимулирани работници
Од земјите во регионот рамен данок имаат Романија, Бугарија и Србија, а Словенија и Хрватска воведоа прогресивно оданочување

Какво е вашето мислење за идејата на Владата за прогресивен данок од 18 %? Спаѓате ли во категоријата граѓани чии приходи ќе се оданочуваат со оваа даночна стапка?

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.