Недела на граѓански организации се одвиваше во 12 градови низ Македонија

Недела на граѓански организации се одвиваше во 12 градови низ Македонија
20 граѓански организации спроведоа 20 настани
Во Крушево се одржа Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“
„Сакаме преку обединување на граѓанскиот сектор, на активните млади луѓе во општеството, да промовираме една нова енергија, обединувачка енергија во регионот и да испратиме јасна порака до носителите на одлуки. Дека иднината на регионот е во обединувањето, а не во поделбите по разни основи“, Методија Стојчевски (проектен координатор на Меѓународната младинска конференција)
60 млади лидери од 16 европски држави беа дел од конференцијата
Во Германија граѓанското учество се вреднува многу, студентите и учениците се мотивирани и заинтересирани да бидат активни.. Се мобилизираат и излегуваат на улица за да се борат за нивните вредности, за вредностите на младите, а со тоа се борат и за подобро општество“, Кјара Гроневег (Германија)
Учесниците разменуваа искуства и знаења
Дефинитивно гледам потенцијал во индивидуалци кои сакаат да учат и да се надоградуваат, да соберат знаење, да се вратат и да го подобрат својот град. Покрај тоа треба да се пофали лојалноста, тоа што не сакаат да избегаат, сакаат да останат овде и да се обидат да го направат домот подобро место Дајо Акуали
Во Скопје беа објавени добитници на 26 грантови од Проектот за граѓанско учество на УСАИД
Ова е петгодишен проект кој започна со спроведување во август 2016
Вкупниот износ на доделените грантови изнесува околу 1 милион американски долари
Се надеваме дека овие грантови ќе ги унапредат јавните политики, ќе го подобрат квалитетот на јавните услуги, ќе доведат до подобри процеси на владеење и ќе го подигнат стандардот на живеење на сите во Македонија“, Дејвид Атeбери (Претставник на УСАИД за Македонија

Недела на граѓански организации се одвиваше во 12 градови низ Македонија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.