Анимација: Пристап до лекови

Пристапот до лекови е основно човеково право за секого, но за жал, 70% од Ромите не можат во аптека да ги најдат лековите кои се на позитивната листа.

Кај Ромите, социјалниот аспект е една од главните причина за недостапноста на лекови, тука спаѓа и партиципација и недоволната едукација.

Според истражувањата на Фондација Отворено општество и Здружение ЕСЕ за состојбите во однос на здравјето, здравствената заштита и правото на здравје помеѓу Ромите, само 20,5% од Ромите можеле да го купат потребниот лек препишан од доктор, за разлика од 51,4% од другите етнички групи.

Исто така, Ромите многу малку знаат за правото на поврат на средства за купен лек или медицински материјал, којшто постои како право од Фондот за здравствено осигурување.

На 65% од Ромите кои поднеле барање за рефундација, истото им било одбиено, за разлика на 30% од останатото население.

Според Законот за заштита на правата на пациентите, здравствените услуги треба постојано да се достапни и пристапни на сите пациенти подеднакво и без дискриминација.

Бидејќи, пристапот до лек, значи пристап за подобро здравје за секого!

Анимација: Пристап до лекови

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.