Вистината за Бади

„Така што, знаете дека сме влијателен медиум и сè што оди кај нас, луѓето му веруваат.“
Колку нецелосните и еднострани информации влијаат врз публиката?
Средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ова прашање го анализираат преку нивниот филм „Вистината за Бади“

Децата беа многу вложени во целиот филм и имаат многу технички познавања. Јас сум пријатно изненадена колку го познаваат модерниот свет, секако и живеат во него. Филмот го изработивме само со професионална помош на сценаристот, Ева Камчевска и на режисерот Шенол Мехмед, којшто ни го набљудуваше и процесот на постпродукција. А сите други останати елементи, како снимањето, глума, монтажа, ракување со камера, звучните ефекти, кредитите на крај, трејлерот и така натаму, се изработка на самите ученици. Лилјана Танчева (Центар за едукација, култура и активизам „Мултус“)
Филмот ја следи приказната на двајца ученици кои се грижат за маалскиот миленик Бади
По еден телевизиски прилог, маалскиот миленик го снемува, а учениците се борат да го вратат во населбата

„Бади е ѕвездата на филмот, на англиски кажано „as himself“, не се глуми себеси, туку го искористивме само неговото име, за да ни биде полесно кога се обраќаме кон него и кога ќе треба да го довикуваме за да ги снимаме сцените со него. Така дојдовме до еден убав проект, којшто го заокружи и нашиот целокупен проект „Сите вистини на веста“, со којшто се надеваме дека постигнавме барем малку зголемување на критичното размислување во овој регион.“ Лилјана Танчева (Центар за едукација, култура и активизам „Мултус“)

Вистината за Бади

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.