“Црквата не треба да се занимава со дневнополитички прашања и партиски престрелки” Владика Тимотеј (во телоп со слика)
Балканската реалност сепак е поинаква-црквата и политиката често одат рака под рака
За спорот за името освен политичарите со свој став се огласија и црковни лица од Македонија и Грција
Имаат цврсти позиции без подготвеност за отстапки
На протестите во Скопје, слично како и во Солун, свештени лица ја предводеа колоната
Владиците Агатангел и Петар се меѓу најгласните противници за менување на името
Владика Петар – Јас мислам дека најмногу ќе ни помогнат браќата Грци за да не се смени името со тоа што нема да отстапат од црвените линии нивни и така Господ ќе најде начин како ќе ја спаси Македонија.
Евентуалното ново име го поврзуваат и со името на црквата
Владика Агатангел – Го сменија името на Воден, ставија грчко име го сменија името на Лерин, ставија грчко го сменија на Костур, го сменија на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да и го сменат името или пак да додадат додавка.
Грчката црква засега нема разноликост во ставовите околу прашањето за името
Но Агатангел и Петар немаат колективна поддршка од Синодот на МПЦ
Add comment