Повик до граѓаните: Да ја раскажеме вашата приказна и да се бориме за промени!

Дали имаш приказна која е потребно да ја знаат и други луѓе? Нашиот тим новинари е подготвен да го истражи проблемот, да побара одговори од одговорните лица и да ги истражи можните решенија.

„Види Вака“ речиси пет години е посветен на раскажување на приказни што вредат.  Креираме стории кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ние сме платформа која нуди приказни за луѓе кои се невидливи за институциите, поединци кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат.

Преку овој повик сакаме да го слушнеме и твојот глас за проблемите: со животната средина кои имаат директно влијание врз квалитетот на нашиот живот, со социјалната заштита, работничките права, пристапот до правда и сѐ што сметаш дека е вредно да се истражи.

Со едноставно пополнување на формата подолу можеш веднаш да ни помогнеш да ги мапираме областите во кои граѓаните се соочуваат со предизвици.