593 лица од 12 општини живеат без документи-најголем дел се Роми.

Идриз Абриоски од Шуто Оризари е самохран родител на три деца
Децата немаат документи бидејќи за да го докаже татковството на Идриз му бараат ДНК анализа
Идриз Абриоски од Шуто Оризари „Кога ги наоѓаат на улица им кажуваат дека се фантоми, а не се фантоми. Они се тука родени во Македонија“,
Децата не се здравствено осигурани и не одат на училиште
Идриз Абриоски од Шуто Оризари -„Не ми дава никој одговор само ми бараат ДНК анализа, а тоа не можам да го платам оти немам финансии“,
Државата идентификувала 593 лица од 12 општини кои живеат без документи-најголем дел се Роми (Извор: Министерство за труд и социјална политика)
Елвис Мемети советник за имплементација за стратегија на Ромите во МТСП
„Лицата без документи се една од најмаргинализираните категории кои се наоѓаат под социјален и општествен ризик бидејќи тие се правно невидливи за системот и тука проблемите почнуваат од почеток. Немаат документи за идентификација, немаат извод за родени, во комуникација со институциите немаат никаков пристап. Немаат пристап до социјална заштита, немаат здравствена заштита или банален пример не можат сметка од банка да извадат
Граѓански организации бараат посебна програма за здравствена заштита на лицата без документи
Потребни се само 133.000 евра годишно за да им се обезбеди здравствена заштита на правно невидливите лица
За државата парите се трошки од државниот колач, но за луѓето како Идриз би биле подадена рака за спасување на неговите деца
Идриз Абриоски од Шуто Оризари
„Сакам да ми помогне да ги пријавам децата, да учат школо, да имаат здравство, да ги носам во болница не ги примаат никако“

593 лица од 12 општини живеат без документи-најголем дел се Роми.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.