КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

Практикант за дигитален маркетинг и социјални мрежи
(Digital Marketing & Social Media Intern)

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака Раскажувачко Студио осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории базирани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство, кои им помагаат на компаниите и организациите да ја пренесат својата порака на најефикасен начин, најприемчив за публиката. Со тоа, тие ја зголемуваат својата препознатливост, градат подлабока лојалност, а нивните пораки имаат многу поголем ефект и влијание кај публиката.

Нашата компанија расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес на клиентот и публиката. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. 

Отоворени сме за сите кои се креативни и ореинтирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и маркетери на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од компанија која е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Главни одговорности

Практикантот за дигитален маркетинг е одговорен за поддршка на маркетинг активностите на компанијата. Примарна задача на практикантот за дигитален маркетинг е да им помага на специјалистите за дигитален маркетинг во спроведување на дигиталните маркетинг активности. Практикантот за дигитален маркетинг ќе спроведува дел од активностите на дигиталните канали под менторство на колегите од маркетинг секторот. Ќе помага со водење на профилите на социјалните мрежи, со објавување на содржини и пуштање на кампањи, креирање и испраќање автоматизирани е-маил кампањи, поддршка и спроведување на активности за прибирање на лидови, ќе истражува можности за нови содржини и формати, ќе учествува во креирањето содржина. За ефектите од својата работа му рапортира на Специјалистот за дигитален маркетинг.

Клучни компетенции и искуство

Бараме енергична личност со желба за учење. Очекуваме да се одликува со исполнителност, посветеност и педантност во извршување на обврските. Да биде добро информирана и во тек со новите трендови во дигиталниот маркетинг. Да биде вешта во истражување различни теми и вешта во употреба на технологија. Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

  • Да има учено дигитален маркетинг, самостојно или преку обуки
  • Да е активен корисник на социјалните мрежи и да знае да креира квалитетна содржина, макар и за сопствените, лични профили на социјалните мрежи
  • Да умее да пишува и да се изразува мошне добро

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

  • Остваруваш брза самостојност во работата
  • Ја зголемуваш ефикасноста на постарите членови на тимот
  • Даваш конструктивни предлози за подобрување на маркетинг активностите и  содржината

Лични карактеристики

  • Одговорност
  • Педантност во работата
  • Посветеност за наоѓање решенија
  • Високо ниво на информираност, одлични познавања од општа куллтура
  • Умее со луѓе и лесно се вклопува во тим

Што нудиме

  • Можност за вработување
  • Брз професионален развој
  • Работа со мошне искусен тим од кој може да се научи многу
  • Простор за развој на сопствените идеи

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се валоризира.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чуство на сатисфакција.

Како да аплицираш

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на darjan@localhost, со назнака за позицијата за која аплицираш. Наместо мотивациско писмо, во самиот мејл напиши ни во неколку реченици зошто би сакал/а да бидеш дел од нашиот тим. Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.