ПОВИК ЗА НОВИНАРИ, СТУДЕНТИ ПО НОВИНАРСТВО И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ
Стани дел од дописничката мрежа на Види Вака
Добиј бесплатни обуки, менторство и платена работа на мултимедијални приказни кои ќе бидат објавени на нашиот медиум.
ПОВИК ЗА НОВИНАРИ, СТУДЕНТИ ПО НОВИНАРСТВО И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ
Добиј бесплатни обуки, менторство и платена работа на мултимедијални приказни кои ќе бидат објавени на нашиот медиум.
Види Вака објавува отворен повик за новинари, студенти по новинарство/комуникации и медиумски работници за работилници на тема “Откривање и борба против дезинформации на локално ниво“. По завршувањето на работилниците за избраните учесници следува период на менторство и работа на мултимедијални вести кои ќе бидат објавени на каналите на Види Вака.
Право на пријава имаат соодветните кандидати од сите 8 плански региони во Македонија со исклучок на градот Скопје.
Пријавувањето ќе трае до 30.11.2021 година.
Активностите ќе бидат поделени во 2 фази.
Во првата фаза 16 учесници ќе имаат можност да бидат дел од обуки за откривање и борба со дезинформации на локално ниво преку работилници на следните теми:
Во менторската фаза одат 8 учесници од вкупниот број (16) каде заедно со новинарскиот тим на Види Вака ќе работат на 8 мултимедијални приказни.
Ангажманот на овие приказни ќе биде платен, а Види Вака остава простор дел од учесниците да му се придружат на тимот на дописничката мрежа на медиумот.
Сите мултимедијални приказни ќе бидат објавени на каналите на Види Вака како и на локалните медиуми.
Најмалку 16 избрани новинари, студенти по новинарство, медиумски работници кои работат на локално ниво ќе бидат избрани да ја следат едукативната програма, која треба да придонесе за унапредување на нивните вештини и подигнување на нивото на известување на локалното ниво од каде доаѓаат и каде работат.
Избраните новинари ќе ги следат следниве обуки:
Од почетните 16 новинари, ќе бидат избрани 8 кои ќе ја продолжат работата со тимот на Види Вака во рамки на 3-месечна менторска програма. За време на траењето на менторството, учесниците ќе бидат поделени во 4 тима со по 2 новинари и ќе работат заедно со постарите новинари од тимот на Види Вака на креирање 8 мултимедијални приказни – 2 по тим.
Учесниците самостојно ќе ги изберат темите, но тие мора да бидат на локално ниво, поврзани со локалните предизвици. Нивна задача ќе биде да спроведат истражување и да приберат информации, кои потоа заеднички со новинарскиот и продукцискиот тим на Види Вака ќе ги обработат во мултимедијални приказни. Мултимедијалните приказни ќе бидат објавени на Види Вака со можност да бидат споделени на локалниот медиум од кој доаѓаат учесниците, или доколку не доаѓаат од специфичен медиум – ќе се направи обид за пласман на приказната на медиумите од регионот кој е засегнат од приказната.
Учесниците ќе бидат вклучени во снимањето, уредувањето, продукцијата и постпордукцијата на секоја од приказните. Ќе бидат организирани и заеднички сесии за анализа на сработеното од страна на сите тимови и споделување на искуствата и новостекнатите вештини. Работата на овие вести ќе биде платена.
Учењето на сите овие процеси, како и динамиката на работа во редакцијата на Види Вака ќе ги оспособи учесниците да станат дел од дописничката мрежа на Види Вака и да остварат долгорочна платена соработка со медиумот како наши дописници од регионот во кој работат.
За повеќе информации обратете се на нашата адреса за електронска пошта – contact@vidivaka.mk. За повеќе информации за нашиот медиум, уредувачката политика и вредностите по кои се раководиме можете да се информирате на нашата вебстраница – vidivaka.mk
This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.
Тимот на Види Вака ќе ги контактира сите пријавени кои ќе влезат во потесниот круг со цел да добие повеќе информации за кандидатот. Сите пријавени по завршувањето на процесот на избор на кандидати ќе бидат информирани за успешноста на ивната апликација.