ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Фондација ИДЕА Скопје го објавува овој: 

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 

за набавка на содржина во едутејмент формат

Фондацијата ИДЕА Скопје го објавува овој повик за проектни активности, продукција на едутејмент формати во рамки на проектот Поддршка на медиумскиот плурализам и слобода на Западниот Балкан (Sustain Media Program), спроведуван од Фондацијата ИДЕА, во период април 2023 – август 2025 (29 месеци), финансиски поддржан од донаторот GIZ – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit.

Оваа набавка се спроведува во согласност со Насоките за набавки за проекти финансирани од GIZ.

Предмет на набавка

Предмет на набавката е ангажирање на физички или правни лица за следните пакети на услуги (Предмети на набавка). Понудувачите може да испратат кумулативна понуда за сите предмети, или поединечна понуда само за одреден пакет на услуги:

Предмет на набавка

Услуга

Предмет 1: Режија

Режија на краток филм на тема Лоша храна во болнички услови
Режија на пилот анимирана серија за деца Буквождер

Предмет 2: Сценарио

Сценарио за краток филм на тема Лоша храна во болнички услови
Сценарио за пилот анимирана серија за деца Буквождер
Сценарио/пилот за анимирана серија за деца Космонаутко
Сценарио за прва епизода за анимирана серија за деца Космонаутко

Предмет 3: Кинематографија

Директор на фотографија за краток филм на тема
Лоша храна во болнички услови

Предмет 4: Глума

Гласовни актери за анимирана серија за деца Буквождер

Машки детски глас до 7 години
Машки детски глас до 8 години
 Женски дeтски глас до 7 години

Предмет 5: Аудио

Аудио и дизајн на звук за краток филм на тема Хип Хоп вести

Аудио и дизајн на звук за краток филм на тема Лоша храна во болнички услови

Предмет 6: Текстопис

Текстописец за рап песна на тема хигиена и отпад

Текстописец за рап песна на тема од локално и национално значење
Текстописец за рап песна на тема безбедност на граѓаните во сообраќајот

Забелешка за кумулација: Секое лице или компанија може да биде ангажирано на повеќе од еден Предмет на набавка. Фондацијата ИДЕА ќе ја земе предвид вкупната кумулативна вредност на договорите со цел да се почитуваат правилата за набавки.

Критериуми и Услови за Доделување на Договорот

  1. Критериум за избор: Договорот ќе биде доделен на понудувачот кој ќе ја понуди најниската цена за соодветниот Предмет на набавка.
  2. Еднаков третман: Сите понудувачи ќе бидат третирани фер и еднакво, во согласност со принципот на недискриминација.

Задолжителна содржина на понудата

Понудата мора да ги содржи следните документи:

  1. Финансиска понуда: Јасно наведена цена (во МКД или ЕВРА, без ДДВ) за секој Предмет на набавка за кој се аплицира.

Рок и Начин на Доставување

  • Краен рок за доставување на понудите: 01.10.2024 година (до крајот на работниот ден).
  • Начин на доставување: Понудите се доставуваат лично и во печатена форма на следната адреса: Фондација ИДЕА Ул. Дренак бр. 34А, 1000 Скопје

 

Појаснување на тендерска документација

Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на markovski@vidivaka.mk.

Начин и услови за плаќање

Плаќањето ќе се изврши во целост по прием на оригинална фактура.

Известување на понудувачите

Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен по е-маил адреса или по усмен пат.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.