КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

Постар специјалист за маркетинг и комуникации
(Senior marketing & communication manager)

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака Раскажувачко Студио осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории базирани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство, кои им помагаат на компаниите и организациите да ја пренесат својата порака на најефикасен начин, најприемчив за публиката. Со тоа, тие ја зголемуваат својата препознатливост, градат подлабока лојалност, а нивните пораки имаат многу поголем ефект и влијание кај публиката.

Нашата компанија расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес на клиентот и публиката. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. 

Отоворени сме за сите кои се креативни и ореинтирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и маркетери на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од компанија која е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Главни одговорности

Постариот маркетинг специјалист е одговорен за егзекуција на маркетинг активностите на компанијата. Примарна задача на постариот маркетинг специјалист е да осмислува, спроведува и надгледува маркетинг и комуникациски активности кои ќе придонесат за зголемување на продажбата и видливоста и препознатливоста на брендот. Постариот маркетинг специјалист предложува, води и спроведува маркетинг проекти и активности на сите маркетинг канали, со нагласок на каналите за дигитален маркетинг. За ефектите од својата работа му рапортира на Маркетинг директорот на компанијата.

Клучни компетенции и искуство

Бараме агилна личност со темелно познавање на сите маркетинг канали и практично искуство во работа со најголемиот дел од нив, со нагласок на дигиталните маркетинг канали. Очекуваме да има голема самоиницијативност и чувство за сопственост на проекти. Да биде ориентирана на носење заклучоци преку анализа на податоци и склона кон тестирање. Да биде љубопитна и со силна воља за стекнување нови познавања. Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

  • Најмалку 5 години искуство во маркетингот, најголем дел од тоа во дигиталниот маркетинг.
  • Сеопфатно познавање на маркетинг каналите (Content marketing, SMM, PPC, SEO, E-mail, Lead gen, PR)
  • Исклучителни аналитички вештини – познавање на алатки како Google Analytics, Microsoft Excel, одлично снаоѓање со извештаите во Facebook Ads 
  • Исклучително високо ниво на пишувачки способности.
  • Познавање на WordPress ќе се смета за предност

Лични карактеристики

  • Одговорност
  • Самоиницијативност и чуство за сопственост на проекти
  • Посветеност за наоѓање решенија
  • Високо ниво на информираност, одлични познавања од општа куллтура
  • Умее со луѓе и лесно се вклопува во тим

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

  • Како плод на твојата работа видливо се зголеми ефикасноста на маркетинг активностите и досегот и препознатливоста на брендот
  • Придонесуваш во унапредување на комуникацијата на дигиталните канали преку подобрување и иновација
  • Ако со помош на маркетинг активностите кои ги предводиш компанијата дојде до нови потенцијални клиенти

Што нудиме

  • Конкурентни примања
  • Приватно здравствено осигурување
  • Самостојност во работата и носењето одлуки
  • Простор за иновации и развој на сопствените идеи
  • Можност за редовна професионална надоградба преку посета и учество на интернационални настани

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се валоризира.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чуство на лична и тимска сатисфакција. 

Како да аплицираш

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на darjan@localhost, со назнака за позицијата за која аплицираш. Наместо мотивациско писмо, во самиот мејл напиши ни во неколку реченици зошто би сакал/а да бидеш дел од нашиот тим. Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.