Попис

Македонија е една од ретките држави во Европа и светот која не се придржува на препораките да спроведува попис на секои десет години
Друштво ни прават единствено неколку држави од поранешниот советски сојуз и од Африка
Последен пат најобемната статистичка операција кај нас се изведе пред 17 години
По пописот во 2002 година имаше неуспешен обид за пребројување во 2011
Од политички причини пописот тогаш беше прекинат
Членовите на пописната комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на законот за попис
Власта и опозицијата и сега имаат различни толкувања на пописната регулатива
Изборите се главна причина поради која најобемната статистичка операција која требаше да се реализира во април следната година повторно се одложи
Иако е потребен за други сознанија кај нас на пописот му се дава политички или етнички предзнак
Со него се добиваат податоци за бројот на домаќинствата, нивната распореденост
Но и етничките, социјалните и демографските карактеристики на населението
Податоците добиени со анализите се користат поради планирање на идните политики во економијата, образованието, социјалата, здравството
Во недостаток на попис државниот завод за статистика објави проценка од 2.077.132 жители

Попис

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.