Македонија 14 години нема спроведено успешен попис

Седум отсто од светската популација не е преброена. Македонија 14 години нема спроведено успешен попис. Ние сме единствената земја во Европа каде долго време не бил спроведен. Пописот не е етничко пребројување колку не има. Без попис не може ефикасно да се планира развојот и идните решенија. Од него зависат економските, социјалните и демографските политики. Без него нема развој на инфраструктура, земјоделие, здравство, образование…Без точен број на луѓе во едно место не може ефикасно да се распределуваат и парите од даноците. Во една општина можеби се потребни уште една болница, градинка или училиште, но ако ја нема потребната статистика невидлива е и потребата на граѓаните. Пописот мора да биде деполитизиран, но за спроведување потребна е пред се политичка воља. Засега ниту една од политичките партии не ветила спроведување на попис ако победи на престојните избори. Пописот не е дел од изборната програма.

Македонија 14 години нема спроведено успешен попис

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.