Помош од Јапонска амбасада

Што може да се направи со 428.066 евра во Македонија, ако парите ги донира Јапонија?
Со овие пари донирани од јапонската амбасада ќе се реновираат четири училишта во Битола, Прилеп, Куманово и во општина Долнени
Ќе останат пари и за реновирање, за нови апарати, кревети, возила и друга опрема за уште 5 здравствени установи
„Уште од 1996 година, благодарение на прекрасните партнери во Македонија спроведовме 129 проекти. Оваа година имаме 9 проекти со преку 428.000 евра, најголема ГГП помош доделена во една година. Граѓаните на Јапонија како пријатели нна Македонија сме среќни за сите мажи, жени и деца кои ќе имаат корист од овие проекти“.
Јапонија ја спроведува програмата за мали грантови од 1996, а доделената помош надминува 6 милиони евра
Со овие грантови реновирани се повеќе од 60 училишта
Набавена е опрема за 40 здравствени установи и набавени се повеќе од 20 возила за јавни претпријатија
Во Македонија досега се доделени околу 420 милиони евра преку различни програми од Јапонија
На крај-што може да се направи со 450.000 евра ако парите се на граѓаните?
Твитерџиите одговорија – може да се платат патни трошоци за пратениците

Помош од Јапонска амбасада

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.