Плетење - донации

Дечињата сместени на Онкологија на Универзитетската клиника за детски болести ќе добијат рачно изработени играчки, ќебиња и капи

Плетените дела ги изработи неформална група од 15 жени кои се собираат самоиницијативно за да плетат

Плетат групно во јавност и се собираат најмалку еднаш во месецот во Рок бар Гарсон

„Се рачни изработки од памучен конец, само од памучен конец. Формата нивна се капи, играчки, калчунки, некои чорапчиња, се е изработката од памучен конец. Тие се прават со цел да се донираат за дечињата што се на Онкологија, при Детска клиника.“ Александра Стефановска (организатор на настанот)

Плетењето е пасија за луѓе од различна возраст

„Се запознавме преку Фејсбук со Александра и Цвете. Многу сум воодушевена од нивните идеи, тие се и помлади од нас. Меѓутоа, го прифатив со задоволство. Затоа што, цената на рачната работа, како да се изразам, не се цени. Затоа и ова го прифатив со сè срце, затоа што го подаруваме на дечиња на кои навистина им треба и многу сум задоволна.“ Илинка Русевска (пензионерка)

Плетење – донации

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.