Пилот од САД спасил куче

Американски пилот спасил повредено улично куче во Македонија и му пронашол нов дом во САД

Приказната за повредено улично куче Мила, кое патувало преку 8.000 км, стигна и до американските медиуми

„Се започна кога пилот кој работел во американската амбасада во Северна Македонија, пронашол повредено куче на улица во земја каде уличните кучиња често се трујат, а оние во стационар се успиваат. Тој тргнал на долго патување да и најде нов дом“

Марк Вејнанд ја пронашол Мила пред американската амбасада во Скопје

Мила била тешко повредена во сообраќајка

„Намерата ни беше да најдеме добар дом тука во Северна Македонија, но за несреќа тоа често не се случува тука“ Марк Вејнанд

Тој со сопствени средства и со три авионски лета ја однел Мила во новиот дом во Минеаполис

„Ние сме среќни што е дел од нашето семејство, а таа сигурно е среќна што ги пронајде луѓето што ја доведоа овде“

Пилот од САД спасил куче

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.