Петар Спасеновски

Петар Спасеновски (20) е нова македонска спортска надеж

Освои златен медал на Европското првенство за кадети и јуниори до 21 година во Алборг, Данска

Со пет победи во пет меча стана континентален првак

Застана на европскиот трон во категоријата до 84 килограми

Имав пет борби кадешто забележав 5 победи и го остварив овој успех и успеав да земам златен медал. Ова ми е најголем успех во кариерата и исто така имам на европски натпреварувања. Имам и бронзен медал. Тоа е на ЕП 2016 година што се одржа во Лимасол Кипар.

Петар тренира карате веќе 14 години и е дел од карате клубот “Макпетрол”

Почнал да тренира кога имал само шест години, а најголема заслуга за тоа има неговиот татко

Паралелно со каратето посветен е и на студиите на Правниот факултет во Скопје

Ме запиша на карате од причина стравувајќи дека ќе прејдам во уметнички води односно во балетот тоа е професијата на мојата мајкa. И така почнав да тренирам карате после тоа се прерасна во нешто поголемо почнав да покажувам голем потенцијал и денеска стана професионално.
Најголеми предизвици за во иднина му се медал во сениорска конкуренција и настап на Олимпијадите во 2020 или 2024 година

Петар Спасеновски

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.