Пекара „Bagel Bakery“

Зависниците од дроги, алкохол и хазардни игри имаат можност за пракса и за вработување во социјалното претпријатие Bagel Bakery во Струмица
Здружението Избор повеќе од еден месец во пекарницата им овозможува рехабилитација преку работа на зависниците
Тие тука минуваат шест месеци од работната терапија
Од вработените го учат пекарскиот занает и други угостителски вештини
Тоа им помага полесно да се рехабилитираат и реинтегрираат во општеството
Приходите се реинвестираат за проширување на производствените капацитети и потребите на корисниците на програмите
Претседател на Избор – Во последните шест месеци од ресоцијализацијата клиентите ќе доаѓаат тука и ќе можат да ги учат угостителските вештини и пекарските вештини. По слободен избор. Оние што сакаат да останат после би ги примиле на работа. Другите кои не се од Струмица, коишто ќе си одат во своите средини ќе имаат една опција плус при вработувањето.(2:22-2:43) За нас најлесен дел е да го спроведеме процесот, но најтешко е да им помогнеме на луѓето да останат во апстиненција и после завршување на процесот на рехабилитација и ресоцијализација. (3:05-3:16)
Преку програмата Покров се произведува и органска храна која се продава во многу маркети, а наскоро ќе се најде и во пекарницата
Никола Колев се надева дека праксата ќе му помогне полесно да најде работа
Можеби и ќе ми затреба. Повеќе сум сконцентриран на органското производство. Но доаѓам тука да научам и нешто ново. Доле тоа ми е веќе познато и добро се снаоѓам сакам да пробам да научам и нешто ново. Да видам како ќе се снаоѓам и во шанк и со пекарството.
Bagel Bakery функционира благодарение на поддршката од Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ
И регионалниот проект за социјални права на ранливи групи
Препознаено е како социјално претпријатие со квалитетни производи и поддршка меѓу граѓаните

Пекара „Bagel Bakery“

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.