Патронажни сестри

Шпреса Идризи е мајка на две деца и бремена со трето, но никогаш немала контакт со патронажна сестра
На нејзината врата никогаш не затропала патронажна служба нудејќи совет кој би го подобрил здравјето на бремената жена или новороденчето
Здравјето на стотици Ромки и здравјето на новороденчињата е во ризик поради слабата опфатеност од патронажните служби
Најпогодени се -Шуто Оризари, Карпош, Виница, Делчево, Пехчево, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Штип и Куманово

„Младите мајки се неедуцирани и не ги знаат своите права, не знаат како да ги дојат своите деца, како да ги згрижат и како да се однесуваат при првото раѓање, обврската која треба да ги едуцираат недостига и во блиска иднина со Стратегијата за застапување ќе го направиме мониторингот на работата на патронажните сестри“, Фадиљ Џемаил, Проектен координатор во ИРИЗ.
Патронажната служба во Македонија стагнира наместо да се работи на нејзино унапредување
Не постои Правилник по кој функционира службата ниту соодветен надзор
“Основните проблеми со кои се соочува патронажната служба во Македонија е недостаток на патронажни сестри на терен, потребно е итно зголемување на бројот на патронажни сестри со цел покривање на цела територија на Македонија согласно стандардот. Неопходно е обезбедување на соодветни и достоинствени услови за работа, пред се обезбедување на возен парк и овозможување на бесплатен транспорт“ , Нермина Факовиќ, Министерство за здравство
Организацијата ЕСЕ предлага мерки за зголемување на опфатот на жените со патронажни посети
-Усвојување Правилник за работа на патронажната служба
-Поголем број на сестри во општините каде има недостиг
-Набавка на возила и опрема за патронажните служби
-Систем за мониторинг на работата на патронажните служби
Проблемот со високата доенечката смртност кај Ромите треба да биде поттик за надлежните да реагираат
„Доенечката смртност кај ромската популација е двојно поголема во однос на другото население. Активностите, политиките и мерките специфични кои би се креирале за ромската популација би ги спроведувала патронажната служба преку посетите во нивните домови, сметам и тврдам дека би довеле до подобрување на здравствената состојба и квалитетот на антенаталната заштита кај ромското население“ Нермина Факовиќ, Министерство за здравство
Советите од патронажните сестри за мајките како Шпреса Идризи може да значат и спасен човечки живот

Патронажни сестри

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.