Од Скопје до Велес без кеш за патарина-смарт картичките ќе го заменат плаќањето во готово

Ако патувате од Скопје до Велес не мора да имате средства во готово за да платите патарина
На патарините Петровец, Романовце, Отовица, Сопот, Градско е воведен нов систем со смарт картички

Со отчитување на картичките се избегнува контактот со вработените и се намалува времето на чекање во колоните
Картичките ќе се купуваат на патарини, на бензински пумпи или на граница
Надополнувањето и проверката на средствата ќе биде и преку апликација за мобилен телефон или компјутер
Камионџиите и другите превозници ќе имаат специјални лепенки (тагови) и ќе минуваат уште побрзо
Системот ќе го отчитува серискиот број и рампата ќе се отвара автоматски, а една лента и натаму ќе биде за плаќање во готово
Цените со картички ќе бидат пониски за 5 % за автомобили и 10 % за превозници
Сличен систем на наплата со картички има во Турција, а Македонија е меѓу државите кои наплаќаат патарина според поминатите километри
Во други држави се наплаќа „вињета” според времето минато на автопатиштата

Од Скопје до Велес без кеш за патарина-смарт картичките ќе го заменат плаќањето во готово

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.