Пари за кампања

Пендаровски, Сиљановска и Река во првиот дел од кампањата потрошиле повеќе од половина од годишниот буџет на Иванов
Трошоците на тројцата кандидати за Претседател на државата за десет дена се 670.000 евра
Од нив најмногу потрошил Пендаровски 480.000, Сиљановска 165.000, а Река 25.000 евра
Годишниот буџет на институцијата Претседател изнесува 1,3 милиони евра
Медиумската кампања на претседателските кандидати ги покрива државата
Тие можат да имаат и посебна сметка на која собираат пари од донации и членарини
Секој од нив има право на 110 денари по гласач или 3,3 милиони евра
Многу државни институции можат да им позавидат на претседателските кандидати на сумата потрошена за десет дена
Овие средства би покриле и дел од трошоците кои државата или општините ги двојат за реконструкција на училишта, патишта, здравствени установи
Колку за споредба, реконструкцијата на 11 училишта во Скопје со пренаменети пари од проектот „Скопје 2014“ изнесуваше околу 1 милион евра

Пари за кампања

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.