Со велосипед или пеш полесно ќе се движите наместо со автомобил, такси или со автобуски превоз на 7 мај, денот на посетата на Папата Франциск
Автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде бесплатен за сите
Бесплатен ќе биде и железничкиот превоз, а и паркингот во Скопје
Голем дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај
На појасот Голем ринг од 6 до 19 часот ќе има ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на околу Центарот
Целосно ќе биде затворена улицата 11-ти Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски
Затворени ќе бидат и улиците Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип Втори Македонски, Св. Климент Охридски и Иљо Војвода
Сообраќајот ќе биде затворен и на Водњанска во периодот од 8.15 до 10 часот
Во периодот од 7.30 до 9 часот, како и од 17 до 18.30 часот, сообраќајот кон Аеродромот Скопје ќе биде затворен во двете насоки
Ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници, но сите кои летаат треба да заминат еден час порано од вообичаеното
Add comment