Селектирање отпад

Ретки се граѓаните на Македонија кои селектираат отпад
Многумина од оние кои сакаат да селектираат и рециклираат се сомневаат дека отпадот на крајот завршува на едно исто место со останатиот смет
Од вкупно 625.386 тони собран комунален отпад на ниво на држава, лани биле собрани само 7.729 тони хартија и 2.288 тони стакло
Собрани биле и 8.532 тони пластика, 1.991 тон метал, 7.837 тони текстил и 673 тони гума
Комуналите служби собрале и 35.756 тони органски отпад во вид на храна и лисја
Дури 535.604 тони или 85% од целиот отпад не е селектиран и станува збор за измешан комунален отпад
Најголем дел од отпадот во земјава или над 80% го создаваат домаќинствата

Селектирање отпад

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.