Оштетен слух и вид

Уметноста не познава граници и таа е создадена за сите

И децата со оштетен слух,говор и вид можат да бидат одлични уметници

Може да се каже дека нас ни е поразвиен допирот затоа што всушност рацете треба да бидат нашите очи. Ние преку допирот треба да ги гледаме работите и тоа ни е од голема помош. Можеме да осетиме кога формата од глина што сме ја направила дека таа е рапава па да ја измазниме и да ја доведеме до нормала

Лицата со попреченост функционираат во изолирана средина без голема можност да се мешаат со ученици од другите средини

Дефинитивно треба да им се даде шанса бидејќи сите тие деца, иако се попречени во некои области, имаат премногу таленти. Мислам имаше деца што знаат многу подобро да направат и од мене, подобро да цртаат иако имаат оштетен вид и слух така да си поминавме преубаво.

Сите заедно создаваа уметност во рамки на проектот „Уметност за сите“ на Националната галерија на Македонија .

Направија многу добри, креативни уметнички дела. Во еден момент, ова не треба да биде само проект, туку секое општество треба да размисли за луѓето до нас, за луѓето кои се движат околу нас и дали има потреба некогаш нешто да им се пружи.

Оштетен слух и вид

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.