ОФФест во знакот на различностите

„Веќе 7 години сме во војна, многу деца не одат во училиште, не ни знаат кога ќе се вратат на училиште. Тоа не е фер! Се работи за деца, без разлика каква боја на кожа имаат. Сите заслужуваат образование.“ Фатумата Дијавара (пејачка)

Со почитување на различностите и давање глас на безгласните помина 18. издание на ОФФест

Суптилни звучи, динамичен ритам, силни вокали и моќни пораки беа пренесени преку девет концерти и еден документарен филм

Уметниците зборуваа за војната, децата без можност за образование, за правата на жените и богатството во различностите

„Ги викам нив „безгласни луѓе“. Бидејќи, никој не им дава микрофон. Како жена, им го давам овој микрофон за сите деца, особено за жените кои живеат во страв во земјите каде што се војува. Им го давам овој микрофон на сите нив. Може да бараме повеќе мир, повеќе љубов. Бидејќи, животот е краток. Никој нема да биде вечен, никој нема да остане засекогаш на овој свет, сите сме тука на одредено време. Сите да бидеме сакани, пред да умреме.“ Фатумата Дијавара (пејачка)

ОФФест покажа дека јазикот не е важен за да се комуницира преку музиката на светот

ОФФест во знакот на различностите

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.