Оџак филтер

Ученици од скопската гимназија „Јосип Броз“ не чекаат властите да го решат загадувањето и сами изработија оџак кој го прочистува воздухот
Под менторство на професорот по физика го креираа прототипот на оџакот кој работи на струја и ги собира ПМ10 честичките

На овој проект, филтер за П10 честички работев со Мартин Стеванов и Теофилија Стоилковска, под менторство на Цветко Неделковски. Целта на овој уред е да го филтрираме чадот од оџаците коишто го исуштат домаќинствата, кои главно се греат на тврди горива.

Работи на принцип што зима струја од градска мрежа, поминува низ два трансформатори кои го променуваат напонот да биде соодветен на тој што се бара и од кога ќе се поврзе на двете цевки меѓу нив се формира електростатско поле во кое кога честичките поминуваат во однос на нивниот полнеж се лепат на ѕидовите
Енормното загадување во државата им било мотив за изработка на оџакот
Го изработиле самите за сума од околу 100 евра со материјали набавени преку Интернет и од соседните земји

„Гледајќи како се решава тоа на Запад, посебно во големите индустриски капацитети , дојдовме до идеја дека ова можеме да го направиме во микро верзија, односно да го примениме за домаќинствата. Знаеме дека најголемиот дел од загадувањето доаѓа од самите домаќинства, така да најдобро беше да се направи уред кој ќе го спречи загадувањето баш на тие домаќинства коишто се греат, како што знаеме на дрво, на јаглен, на нафта, на мазут па и некои горат и пластика“
За овој проект заинтересирани се неколку инвеститори

Во моментов ни требаат можности да го доразвиеме , во случај кога ќе се доразвие и ќе стане како финален производ од кој корист ќе имаат сите, најверојатно ќе имаме придобивка не само ние бидејќи сме го пронашле овој изум, туку ќе добијат придобивка и сите граѓани.
Учениците се надеват дека овој оџак ќе придонесе за намалување на загадувањето
2.00-215 ИЗЈАВА: Марко Дураков, ученик во СДУ „Јосип Броз Тито“

Мојата желба би била да се инсталира овој уред на сите домаќинства така што ќе се намали значително загадувањето во градот така што во зима ќе можеме повторно да излеземе надвор во вечерните часови.
Професорот Неделковски го менува изгледот на македонското образование и ги вади учениците надвор од училишните клупи

Честопати се случува, по одреден временски период, учениците да останат она што се, ученици заробени во клупи. Вака ние им даваме можност да излезат надвор од клупите, да видат што се случува навистина во светот, околу нив и на тој начин да стекнат искуства кои ќе им значат понатаму во животот.

За разлика од самото теоретско учење вака може полесно да се сфати материјалот бидејќи на лице место се изучуваат принципите на физиката

Оџак филтер

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.