Играта „Оdium to the core” е со етикета „Made in Macedonia”

Играта „Оdium to the core” е со етикета „Made in Macedonia”

Симон, Кристијан, Марко и практикантот од Еразмус од Шпанија, Јон се дел од тимот „Dark-1“ кој ја креираше играта

„Значи ќе може сите да ја играат, што имаат добри нерви, се надевам. Затоа што гледавме да направиме игра која нема да биде кежуал, како што се скоро 90 % од мобилните игри. Иако, првично беше идејата да биде на мобилен, решивме да ја release-неме и на компјутер и на XBOX и на плејстејшен, ќе ја има на Android ќе ја има на iOS и ако имаме среќа и на Nintendo Switch“, вели Симон Стојановски

За игра, која ја креирале во два дена, добиле прва награда на WOWZAPP 2012 Hackathon

Во 2013 го освоија 1-то место на „Глобал гејм џем“ во Скопје со прототипот на “Оdium to the core”

„Насекаде во Македонија имаме Global Game Jam што се случува секоја година во Скопје, Битола и некогаш се случува и во Охрид. Така што, почнува да се развива некаква заедница на game developers и на луѓе коишто сакаат да прават игри“, истакна Кристијан Трајковски

Промоцијата на нивната прва игра Odium to the core е закажана за 11 мај

Играта ќе има промоција и на кинескиот пазар

Играта „Оdium to the core” е со етикета „Made in Macedonia”

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.