Сонот на облачето

Скопје шеста година по ред со сенки го исткајува „Сонот на облачето“

На детскиот фестивал изминативе изданија учествуваа театри од регионот и Европа

Интересна е програмата, има четири различни претстави. Многу ни е важно, секоја година да правиме претстави кои не наликуваат една на друга или на нешто што било претходно. Туку, гледаме сето тоа да е различно од година во година. Барем за тоа издание, сите претстави да се некако поразлични,

Оваа година од 17 до 19 декември најмладите уживаа во работилници и претстави

Децата првиот ден го сонуваа „Кралот Жаба и други љубовни приказни“ на Германката Ана Фабули

„Алиса и чудата“, „Снежана и седумте џуџиња“ и „Птици“ се претставите кои го заокружија ова издание

Организациони проблеми се надминуваат со тек на години. Сега после шестата година, нас ни е полесно. Меѓутоа, финансиите остануваат на исто. Секогаш од едно во друго се префрла, се прави, за некако да стаса. Со поголеми финансии би имало повеќе претстави на овој фестивал, би имало поквалитетни театри, во секој случај. Меѓутоа, сепак сè зависи од буџетот,

„Сонот на облачето“ е единствен фестивал во регионот од ваков тип

Сонот на облачето

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.