Старото име во историја

Имињата Република Македонија и Поранешна Југословенска Република Македонија наскоро и официјално ќе заминат во историјата

Договорот од Преспа, уставните измени и новото име Република Северна Македонија ќе стапат на сила

Тоа ќе се случи откако во Грција ќе биде ратификуван Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Во рок од 7 дена табли со новото име ќе започнат да се поставуваат во институциите, амбасадите, граничните премини…

Дел од нив ќе бидат и двојазични

Државата ќе ги извести меѓународните организации и институции каде членува дека Преспанскиот договор стапил во сила

Од нив и од членките на ОН, владата во Скопје ќе побара да го користат новото име

2024 година е крајниот рок за замена на личните документи со новото име

На регистарските таблички ќе биде испишан кодот НМ или НМК

За 6 месеци треба да се исфрлат од употреба симболите на античка Грција, меѓу нив и сонцето од Кутлеш ( Вергина)

Ќе се преиспитува и статусот на спомениците, а паралелно ќе се решаваат и прашањата поврзани со учебниците

Старото име во историја

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.